МАТ Ервејс ги суспендира сите активности, но не заминува од Македонија

Bez autora
Jul 06 2011

Домашната чартер-компанија "МАТ Ервејс", во моментов прекина со нудење на сите авиоуслуги и така ќе остане се додека од компанијата не решат поинаку. Oваа чартер-компанија која е во сопственост на најголемиот српски туроператор "Кон Тики Травел", ќе ја доживее истата судбина како својот претходник "Македонски авиотранспорт" - МАТ иако во Македонија почна со работа пред една година. Засега, ова е крајот на "МАТ Ервејс", пишува порталот, додавајќи дека ако претходната компанија МАТ имаше финансиски проблеми, долгови, проблеми со безбедноста и и беше забрането да слетува на неколку аеродроми во Европа, "МАТ Ервејс" денес се соочува со зголемена конкуренција од редица авиокомпании кои им стојат на располагање на македонските патници. Од менаџерскиот тим на "МАТ Ервејс" потврдуваат дека прекинале со нудење на услуги, но уверуваат дека паузата нема долго да трае.

МАТ Ервејс ги суспендира сите активности, но не заминува од МакедонијаДомашната чартер-компанија "МАТ Ервејс", во моментов прекина со нудење на сите авиоуслуги и така ќе остане се додека од компанијата не решат поинаку, објави порталот "Екс Ју авиејшн".

Порталот претпоставува дека оваа чартер-компанија која е во сопственост на најголемиот српски туроператор "Кон Тики Травел", ќе ја доживее истата судбина како својот претходник "Македонски авиотранспорт" - МАТ иако во Македонија почна со работа пред една година.

Засега, ова е крајот на "МАТ Ервејс", пишува порталот, додавајќи дека ако претходната компанија МАТ имаше финансиски проблеми, долгови, проблеми со безбедноста и и беше забрането да слетува на неколку аеродроми во Европа, "МАТ Ервејс" денес се соочува со зголемена конкуренција од редица авиокомпании кои им стојат на располагање на македонските патници.

Од менаџерскиот тим на "МАТ Ервејс" потврдуваат дека прекинале со нудење на услуги, но уверуваат дека паузата нема долго да трае.

- Ние сме чартер-компанија која во овој момент нема доволна профитабилност и интерес за одржување на некои летови што не ни се економски исплатливи. Овој период го користиме за внатрешно ребрендирање на авионот и за негова техничка проверка - истакнуваат од "МАТ Ервејс".

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) велат дека "МАТ Ервејс" нема никакви долгови кон нив, а досега и немало никакви поплаки од патници дека биле оставени на аеродроми.

- Нивна е одлуката дали ќе летаат или не. Нема никакви пречки за "МАТ Ервејс" да лета бидејќи на 15 минатиот месец им ја продолживме дозволата за летање за уште една година - велат од АЦВ.

- На почетокот "МАТ Ервејс" успеа да ги рестартира операциите до најголемиот број дестинации на кои претходно леташе МАТ. Два дена отако престана да лета односно на 20 јуни, требаше да продолжи со летовите од Охрид за Тел Авив во Израел. Само пред неколку дена директорот на компанијата изјави дека со закажаните летови од Скопје ќе се продолжи да се лета во септември - пишува порталот "Екс Ју авиејшн".

Другата македонска авиокомпанија "Скајвингс Интернешнл", која, исто така, имаше и финансиски и проблеми со АЦВ, според порталот "Екс Ју авиејшн", успеа да ги рестартира своите летови преку понуда на линијата Сараево - Дизелдорф со својот Боинг 737-300.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik